Кина не им дава пристап на американските бродови до Хонг Конг

Американски брод / Фото: Архива

Кина го одби барањето два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг следните недели, изјавија неименувани американски претставници.

Тие наведоа дека бродот „Грин беј“ побарал дозвола кон крајот на месецот да се закотви во Хонг Конг, додека крстосувачкиот брод „Лејк Ири” побара одобрение за во септември.

Кинеските власти не ја образложиле својата одлука, но тоа не е без преседан. Кина слично барање одби во септември 2018 година.

Политичката криза во Хонг Конг, кој е под кинеска управа се продлабочува, а демонстрантите и полицијата синоќа се судрија на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот