Кина нареди затворање на американскиот Конзулат во Ченгду

Архива

Кина нареди затворање на американскиот Конзулат во југозападниот град Ченгду.

Потегот на Кина е одговор на одлуката на Вашингтон пред три дена да го затвори кинескиот Конзулат во Хјустон. Гардијан коментира дека тој потег ги ескалира тензиите меѓу двете светски сили на ново ниво.

Одлуката на Пекинг е „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки на САД”, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Не е прецизирано кога треба да се затвори дипломатската мисија во провинција Сечуан.

Покрај амбасадата во Пекинг, САД имаат конзулати во Гуангжу, Шангај, Шенјанг, Ченгду и Вухан, како и во Хонг Конг и Макао. Дипломатската мисија во Ченгду е отворена во 1985 година за целиот регион на југозападна Кина, како и за Тибет. Во него работат 200 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот