Американски официјални лица побарале анонимност затоа што извештајот е таен и одбија да ја детализираат содржината. Сепак, тие рекоа дека кинеското известување во јавноста за заразени и смртни случаи било намерно нецелосно. Двајца официјални лица изјавија дека во извештајот се заклучува дека кинескиот број бил лажен.

Коронавирусната зараза започна во кинеската провинција Хубеи на крајот на 2019 година, а до денес се пријавени само околу 82.000 случаи и околу 3.300 смртни случаи. Оваа информација ја собра универзитетот Џон Хопкинс. Белата куќа го прими извештајот минатата недела, изјави еден официјален претставник.

Кинеската влада во повеќе наврати ја ревидираше методологијата за броење случаи, а церемонијата за погребување со илјадници урни пред погребните домови во провинцијата Хубеи ги покренаа јавните сомнежи за извештаите од Пекинг.

Кинеската влада, посочуваат Американците, не ги сметала ниту луѓето кои биле асимптоматски, а сепак заразени. Само вчера, додале 1.500 нови асимптоматски случаи.

Вашингтон и американските дипломати во Кина одбиле да коментираат.