Кина најави адекватен одговор на американската продажба на оружје на Тајван

epa08677920 Chinese Foreign Ministry spokesman Wang Wenbin speaks during a daily media briefing at the Ministry of Foreign Affairs in Beijing, China, 18 September 2020. EPA-EFE/WU HONG

Кина денеска најави дека ќе упати „адекватен и неопходен одговор” ако САД продолжат со најновата планирана продажба на оружје на Тајван.

Портпарот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека продажбата на вооружени дронови за 600 милиони долари на Тајван е „брутално мешање во внатрешните работи на Кина, што сериозно го поткопува кинескиот суверенитет и безбедносни интереси”.

– САД би требало да се откажат од продажба на оружје на Тајван за да се избегне понатамошно загрозување на односите помеѓу Кина и САД, како и мирот и стабилноста на Тајван, истакна Ванг.

Тој додаде дека Кина ќе даде „адекватен и неопходен одговор во согласност со развојот на ситуацијата.

Претходно, Пентагон соопшти дека Стејт департментот одобри продажба на четири многу софистицирани беспилотни летала на Тајван и ги испрати во Конгресот за потврда.

Во последните неколку недели САД почнаа постапка за продажба на уште воена опрема во вкупна вредност од пет милијарди долари. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот