Кина минатата година бележи најмал економски раст во последните децении

Се очекува да дојде до јакнење на кинеската економија откако Кина и САД во средата потпишаа привремен трговски договор.

Кина минатата година забележа најмал економски раст во последните децении, по избувнувањето на трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Втората најголема економија во светот минатата година имаше раст од 6,1 процент, додека нејзиниот раст од 6,6 проценти во 2018 година веќе беше најнизок од 1990 година, покажуваат податоците што денеска ги објави кинеската Влада.

Се очекува да дојде до јакнење на кинеската економија откако Кина и САД во средата потпишаа привремен трговски договор, што претставува примирје во војната на двете сили поради технолошките амбиции и трговскиот суфицит на Пекинг.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го откаже планираното зголемување на царините за дополнителни кинески производи, додека Пекинг вети дека ќе купува повеќе американски производи, пред се земјоделски, иако и двете држави ги задржаа казнените царини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот