Кина ќе го плаќа рускиот гас во рубљи и јуани, велат од „Газпром“

„Гаспром“
„Гаспром“ / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Рускиот гигант „Газпром“ денеска соопшти дека потпишал договор со кинеската ЦНПЦ со кој се предвидува постепена транзиција на плаќање на рускиот гас во јуани и рубљи наместо во долари. Можноста за плаќање во рубљи и јуани ќе биде корисна и за Газпром и за кинеската национална нафтена корпорација (ЦНПЦ), изјави извршниот директор на руската компанија Алексеј Милер.

„Тоа ќе ги поедностави пресметките, ќе стане одличен пример за другите компании и ќе обезбеди дополнителен стимул за развојот на нашите економии“, рече Милер.

„Газпром“ не даде дополнителни детали за програмата или не кажа кога плаќањата ќе бидат префрлени од долари на рубљи и јуани, пренесува Ројтерс.

Кон крајот на март, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на европските клиенти да плаќаат за гас во рубљи, откако Западот воведе огромни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, исклучувајќи многу руски банки од глобалниот систем СВИФТ.

Русија веќе некое време се обидува да ја намали употребата на доларите, еврата и другите валути во својот банкарски систем и во трговијата, а процесот е забрзан откако западните земји воведоа санкции поради војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот