Кина ќе ги смета доживотно одговорни подржувачите на независноста на Тајван и ќе ги гони кривично

Сите оние кои ја подржуваат независноста на Тајван, Кина ќе ги смета за доживотно виновни и ќе мора кривично да одговараат пред кинескиот правосуден систем.

Ова е првпат Кина да спомене конкретна казна за луѓето кои ја поддржуваат независноста на Тајван, во време кога се зголемуваат тензиите меѓу Кина и самоуправниот остров на кој Кина тврди.

Тајванската претседателка Каи Инг-вен/ Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Канцеларијата ги именуваше тајванскиот премиер Су Ценг-чанг, претседателот на парламентот Ју Си-кун и министерот за надворешни работи Џозеф Ву како луѓе кои „тврдоглаво ја поддржуваат независноста на Тајван“, за прв пат јавно објавувајќи список на луѓето кои планира кривично да ги гони.

Кина ќе ги казни овие луѓе со тоа што нема да им дозволи да влезат во земјата и во административните региони на Хонг Конг и Макао, соопшти кинеското министерство за надворешни работи

Тајванска војска/ Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Лицата на црната листа нема да можат да работат со субјекти или луѓе од Кина, ниту пак компаниите и поединците кои ги основале, ќе можат да профитираат од Кина, најави Пекинг

Тајванските политичари најмногу се потпираат на донации од компании за финансирање на нивните изборни кампањи. Бројни тајвански компании профитираат од водење бизнис со Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот