Кина ќе презентира нови воени бродови

EPA-EFE/WU HONG

Кина, следната недела, по повод седумдесетгодишнината од формирањето на морнарицата, ќе ги претстави новите разорувачи и нуклеарните подморници, соопшти заменикот- командант на морнарицата, Чиу Јанпенг.

Според него, на парадата ќе бидат прикажани 32 воени брода и 39 авиони.

– Меѓу бродовите на Народната ослободителна војска, кои ќе бидат прикажани, се носачот на авиони „Лиаонинг”, новите нуклеарни подморници и разорувачи, како и борбени авиони. Некои бродови ќе бидат прикажани по првпат, рече Чиу.

Бродовите на десетина странски морнарици, вклучувајќи ги и оние од Русија, Сингапур, Индија, Тајланд и Виетнам, ќе учествуваат на парадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот