Кина ќе ги заштити интересите на Пакистан

Кина е вознемирена од тензичната ситуација помеѓу Индија и Пакистан, изјави денеска шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.

– Кина продолжува да го поддржува Пакистан во заштитата на неговите законски права и интереси и исто така ќе се залага за праведен однос кон Исламабад на меѓународната сцена, посочи Ванг на средбата со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши.

Куреши е во дипломатски мисија во Кина со оглед на влошената состојба на мирот и безбедноста во регионот, по одлуката на Индија да му го одземе автономниот статус на сојузната држава Џаму и Кашмир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот