Кина ја надмина Русија во производството на оружје и воена опрема

ФОТО: EPA

Иако познавачите одамна велат дека Кина на големо произведува оружје и воена опрема, Институто досега немаше официјални податоци за да ги потпрепи овие тврдења.

Народна Република Кина, после Соединетите Американски Држави, произведува повеќе оружје отколку која било друга земја во светот.

Ова го покажува новиот извештај на Институтот за мировни истражувања СИПРИ.

Иако познавачите одамна велат дека Кина на големо произведува оружје и воена опрема, Институто досега немаше официјални податоци за да ги потпрепи овие тврдења.

Во анализата се вели дека кинеските компании произведуваат помалку оружје од американски, но повеќе од комплетната руска воена индустрија.

Според Институтот, четири кинески компании произведуваат оружје во вредност од 54 милијарди долари, што е за 16 милијарди долари повеќе од 10-те најголеми руски фирми, но овие резултати се далеку послаби од американските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот