Кина извршува воени вежби во близина на Тајван: Напната ситуација во моментот кога пристигнува специјалната американска делегација

Фото: Архива

Кинеските власти соопштија дека спроведуваат „борбени вежби” во близина на Тајван на само неколку часа пред денешното пристигнување на поранешни високи претставници на американската администрација во Тајпеј, со чија посета треба да се испрати порака од американскиот претседател Џо Бајден дека е посветен на Тајван и демократијата во таа земја.

Ма Џиаогуанг, портпаролка на канцеларијата на Кинескиот национален совет за Тајван, рече дека воените маневри на кинеската армија се одговор на провокациите и мешањето на странските сили во Тајван.

Официјален Тајпеј повеќепати се жалеше на военото присуство на Кина и на спроведувањето воени вежби, за време на кои кинеските воени авиони честопати влегуваа во воздушниот простор на Тајван, јавија американски медиуми.

Најновиот таков инцидент се случи во понеделникот, кога вкупно 25 кинески борбени авиони, вклучително и бомбардери, способни да носат нуклеарни бомби, влегоа во зоната за противвоздушна одбрана на Тајван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот