Ризичен кинески огномет околу Тајван

Фото Wikimedia Commons

Кина лансираше неколку балистички ракети Донгфенг во водите околу североисточниот и југозападниот брег на Тајван, почнувајќи од 13:56 часот по локално време (06:56 часот по Гринич), пишува Ројтерс, кој се повикува на извор од тајванското Министерство за одбрана.

Ракетите Донгфенг се оние со кои управува Кинеската Народноослободителна армија.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека активирало поврзани одбранбени системи како одговор на лансирањето, додавајќи дека ја осудува ирационалната акција на Кина, која го уништи регионалниот мир, објави Ројтерс.

Аналитичарите за Би-Би-Си велат дека можно сценарио е Кина да се подготвува да истрела балистички ракети  кои можат да паднат многу блиску до брегот на Тајван.

Тоа го направи Кина во 1996 година, последен пат кога тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј станаа толку лоши. Но, овој пат, кинеската армија е многу поблиску до Тајван.

Постои загриженост и поради фактот што една од зоните на истрел е на исток од Тајван во Тихиот океан.

Така, аналитичарите велат дека е можно Кина да се подготвува да истрела ракета над Тајван. Тоа би се сметало за големо нарушување на воздушниот простор на Тајван.

Кина ги започна „стратешките“ воени вежби во водите околу Тајван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот