Кина и САД преговараат за укинување на санкциите и царините

Фото: Rawf8 / Alamy / Alamy / Profimedia

Кина денеска потврди дека за време на разговорите со највисоките трговски претставници на САД, бил извршен притисок за укинување на царините.

Вашингтон смета дека тие разговори се тест за билатералните односи меѓу двете најголеми економии во светот. Виртуелниот разговор помеѓу американската трговска претставничка Кетрин Таи и кинескиот вицепремиер Лиу Хеи следеше по објавувањето на Таи дека таа ќе инсистира на искрени разговори и ќе побара од Кина да се придржува кон обврските преземени во трговскиот договор „Фаза 1″ постигнат од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Кинеската страна преговараше за укинување на тарифите и санкциите и ја појасни својата позиција за кинескиот модел на економски развој и индустриска политика”, јави Синхуа по вчерашните разговори.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се наведува дека американската амбасадорка Таи и кинескиот вицепремиер Лиу го разгледале спроведувањето на американско-кинескиот економски и трговски договор и се согласиле двете страни да се консултираат за одредени отворени прашања во иднина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот