Кина и САД постигнаа значителен напредок во нивните трговски преговори

Делегациите на Кина и САД веќе имаат постигнато значителен напредок во подготовката на билатерален договор за решавање на трговскиот спор. Ова беше објавено денеска на брифингот на кинескиот портпарол Министерство за надворешни работи Гун Шуан.

„Можам да кажам дека при консултациите на земјите тие веќе имаат постигнато позитивен напредок. Во согласност со консензусот постигнат од државните раководители, и врз основа на принципот на меѓусебно почитување, делегациите на двете земји вложуваат напори да постигнат взаемен договор“, истакна министерот.

Во исто време Гун Шуан истакна дека не е запознат со програмата за следниот круг од разговорите, кој треба да започне утре, 30 април, во Пекинг.

„За детали за преговорите, подобро контактирајте со надлежните за овој процес“, посочи портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Претходно беше соопштено дека министерот за финансии на САД Стивен Мнучин и постојаниот трговски претставник на САД Роберт Лајтхајзер ќе заминат за Пекинг, каде на 30. април ќе продолжат со преговорите за трговските односи меѓу САД и Кина.

Кинеската делегација за преговорите е предводена од вицепремиерот Лиу Ху кој ќе го води и тимот за дополнителните преговори во Вашингтон, закажани за 8. мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот