Кина и САД остануваат во „близок контакт“ за трговскиот договор

Фото: Профимедиа

Кинезите и Американците остануваат во „близок контакт” во обид да дојдат трговски договор, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

– Тимовите за преговори остануваат во близок контакт, рече портпаролот на кинеското Министерство Гао Фенг.

Кина и САД се во посебно тензични односи во последните неколку дена откако американскиот Конгрес ја осуди политиката на кинеските власти во Хонгконг и во областа со мнозинство муслимани во Синџанг, каде живеат Ујгурите.

Пекинг вчера го критикуваше Конгресот и се закани со соодветна реакција, што предизвика стравувања дека трговските разговори може да бидат прекинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот