Кина и Русија месецов ќе одржат заеднички воени вежби

Владимир Путин - Си Џипинг / Монтажа: Слободен печат. / Иван Самарџиев

Кина овој месец ќе одржи заеднички воени вежби со Русија, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека поморските и воздушните сили ќе учествуваат во вежбите „Север-заеднички 2024“ во регионот на Јапонското Море и Охотското Море, во близина на брегот на Русија.

– Оваа вежба има за цел да го продлабочи нивото на стратешка соработка меѓу кинеската и руската војска и да ја зајакне нивната способност заеднички да се спротивстават на безбедносните закани, соопшти Министерството.

Двајцата сојузници ќе испратат поморски флоти во заеднички поморски патроли, а Кина ќе учествува и во руската стратешка вежба „Океан-2024“, се додава во соопштението.

Министерството не го прецизира датумот кога ќе бидат одржани вежбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот