Кина го затвора Вухан поради опасност од ширење на коронавирусот

Според последните информации, заразени се повеќе од 540 луѓе, а 17 умреа.

Во кинескиот град Вухан се затвораат сите сообаќајни и транспортни мрежи, а властите апелираат до граѓаните да не го напуштаат градот.

Вухан е градот кој важи за прво упориште на коронавирусот.

Аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници од утре во 10 часот по локално време. Но, запрени ќе бидат и сите други видови на сообраќај.

Според последните информации, заразени се повеќе од 540 луѓе, а 17 умреа.

Вирусот се прошири и во други кинески градови, Пекинг, Шангај, Мако и Хонгконг. Меѓутоа, случаи се потврдени и во Соединетите Американски Држави, Тајланд, Јужна Кореја и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот