Кина го забрани Светскиот сервис на Би-Би-Си

Светскиот сервис на Би-Би-Си (BBC World News) e забранет во Кина, јавија кинеските државни медиуми.

Потегот на властите во Пекинг е одговор на чекорот на британскиот медиумски регулатор Офком кој и ја одземаа лиценцата за работа на кинеската CGTN телевизиска мрежа во Британија

Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) забраната ја соопшти денеска наведувајќи дека извештаите на Би-Би-Си „ги прекршиле барањата – вестите да бидат вистинити и фер, и поради прекршувањата им штетат на националните интереси на Кина и го нарушуваат националното единство на Кина”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот