Кина го уапси водачот на измамата со лажни вакцини

Фото: mia.mk

Кина го уапси водачот на мултимилионската измама, која продава солен раствор и минерална вода како вакцини против ковид-19, пренесе Би-Би-Си. 

Мажот идентификуван како Конг работел на истражување за пакувањата на вистинските вакцини, пред да направи 58.000 измислени.

Дел од овие лажни вакцини биле шверцувани и надвор од Кина, но не се знае каде. Конг е меѓу 70 луѓе кои се уапсени за слични дела. 

Апсењата се поврзани со колу дваесет случаи кога Пекинг вети дека ќе ја сузбие појавата на лажни вакцини. Иако повеќето случаи беа откриени минатата година, нови детали се пуштени оваа недела.

Според одлуката на судот Конг и неговиот тим направиле профит од околу осумнаесет милиони јуани, или скоро 2,78 милиони доларисо ставање солен раствор или минерална вода во сприцевите и продавајќи ги како вакцини против ковид, почнувајќи од лани од август, Околу шестотини од тие вакцини биле пратени во Хонг Конг во ноември минатата година, пред да бидат изнесени надвор од земјата.

Продажбата е извршена со помош на вистинските вакцини и преку „внатрешни канали“ од оригиналните производители.

Во други случаи лажните вакцини по многу високи цени биле продавани во болницитре, а други криминалци преку селски доктори вакцинирале луѓе со лажните вакцини во нивните домови или автомобили.

Кинеските власти приведоа 80 лица: Полнеле шишенца со физиолошки раствор за да ги продаваат како вакцина против ковид-19

Врховното народно обвинителство во Кина ги повика регионалните агенции да соработуваат со полицијата за да запрат вакви активности.

Официјалните лица во Кина се надеваа дека ќе произведат сто милиони дози на вакцината пред Лунарната нова година, но досега успејаа да вакцинираат четириесет милиони луѓе. Земјата сепак успеа да ја менаџира пандемијата и да ја стави под контрола со карантини, тестирања и мерки за следење на заразените. 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот