КИНА ГО ПРОМОВИРАШЕ НАЈБРЗИОТ ВОЗ НА СВЕТОТ: Лебди над шините со брзина од 600 километри на час!

Фото: Принтскрин

Кинезите го промовирале најбрзиот воз на светот. Тоа е „Шангај маглев“, кој треба да развие брзина од 600 километри на час.

Првите патници ќе се возат за две години. Моментално овој проект се тестира помеѓу шангајскиот аеродром и градот, а брзината која сега ја достигнува се движи достигнува околу 430 километри на час.
Иднината на железничкиот сообраќај е воз со технологија на магнетна левитација, која ја носи ознаката „маглев“, сметаат Кинезите.

Овој воз не оди по шини, туку лебди на магнетно поле над пругите по кои се движи.

Поради тоа возот има многу мал отпор и благодарение на силните електрични мотори може да развива неверојатна брзина. Возот моментално постигнува брзина до 431 километри на час, а растојание од 30 километри минува за само седум минути.

Меѓутоа, овој проект е и доста скап. Па така, чинел 1,2 милијарди долари, но Кинезите не се откажуваат.
Се уште не е познато на која релација ќе сообраќа хипербрзиот воз.

Секако, Кинезите најмногу би сакале тоа да биде на линијата Шангај-Пекинг, преку која со овој воз би биле побрзо поврзани отколку со авион.

Патувањето со авион, вклучувајќи го и чекањето на аеродром, трае околу три и пол часа, а со овој супербрз воз, истото патување би траело еден час помалку.

Најголема пречка и натаму се екстремно вусоките трошкоци за инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот