Кина го откри најголемото наоѓалиште на злато во светот: Вредноста се проценува на 76 милијарди евра!

Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Кина во својата централна провинција Хунан го откри најголемото наоѓалиште на злато во светот, кое според геолозите може да содржи 1.000 тони од овој благороден метал, а неговата вредност, според денешните цени, се проценува на околу 76 милијарди евра. Користејќи техники за истражување на руда и 3Д геолошко моделирање, геолозите ја мапираа структурата на огромните златни вени под рудникот за злато Вангу, пренесува Телеграф.рс.

Според Геолошкиот институт во провинцијата Хунан, откриени се 40 златни вени на длабочина од околу 1.600 метри, а само тие може да содржат 300 тони злато, додека подлабоките слоеви веројатно кријат уште поголеми резерви, пишува Daily Mail повикувајќи се на кинески државни медиуми.

Многу примероци од карпи содржат видливи траги од злато, изјави истражувачот на Геолошкиот институт Чен Рулин.

На оваа вест берзите реагираа со зголемување на цените на златото и тие сега се блиску до историски врвови. Кина веќе е еден од најголемите светски производители на злато, со 10 отсто од глобалното производство, а нејзините златни резерви беа проценети на повеќе од 2.000 тони претходно оваа година.

Златото, според експертите, се смета за сигурна инвестиција во време на економски и политички превирања, а намалувањето на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата привлечност, објави претходно Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот