Кина го нападна технолошкиот гигант: „Епл“ им помага на демонстрантите во Хонгконг

Кинеските медиуми денеска го обвинија американскиот технолошки гигант „Епл” дека ги поддржува демонстрантите во Хонгконг преку апликација за движење низ градот, во услови на зголемен притисок од Кина врз странските компании.

Исто така, НБА и франшизата Хјустон Рокетс се критикувани во Кина за твит на комесарот за лигата Адам Силвер, преку кој тој изрази поддршка за демонстрантите.

Весникот „Женмин жибао”, орган на владејачката Комунистичка партија на Кина, го обвини „Епл” дека дозволува употреба на апликација во Хонгконг за да покаже на мапа каде се наоѓа полицијата.

Апликацијата HKMap.live е опишана како поддршка на „силеџии”. Поранешната британска колонија, Хонгконг минува низ четвртиот месец од политичката криза со речиси секојдневни и честопати насилни демонстрации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот