Кина го усвои контроверзниот закон: Пекинг го враќа Хонгконг под своја контрола

Националниот народен конгрес на Кина денеска го изгласа Законот за национална безбедност, според кој поткопувањето на авторитетот на Пекинг во полуавтономната територија Хонгконг е злосторство.

За предлог законот гласаа 2.878 пратеници , еден се изјасни „против”, а шестмина се воздржаа од гласање.

Со предлог законот се криминлизира сецесијата, субверзијата, тероризмот и странското мешање во Хонгконг. Исто така, Пекинг ќе има свои агенции за спроведување на законот во Хонг Конг, покрај градските агенции.

Предлог-законот ќе биде испратен на одобрување до Постојаниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

Поради предлог-законот вчера во Хонгконг беа организирани протести, а полицијата употреби солзавец и уапси 360 демонстранти.

Додека денеска околу Законодавниот совет на Хонг Конг е распоредена полиција, а пратениците ќе дебатираат за предлог-законот, со кој се криминализира непочитувањето на кинеската државна химна. Демонстрантите бараат независност од Кина со образложение дека „тоа сега е единствен излез”.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го извести Конгресот дека администрацијата на претседателот веќе не смета дека Хонгконг е област што е автономна од Кина.

„Катастрофалната одлука на Пекинг е само последна во низата акции што во основа ја поткопуваат автономијата и слободите на Хонгконг и ветувањата на самата Кина до народот на Хонг Конг во согласност со британско-кинеската заедничка декларација, меѓународниот договор заведен во ОН“, рече Помпео.

Тој рече дека ниту една разумна личност денес не може да тврди дека Хонгконг има високо ниво на автономија од Кина, со оглед на фактите на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот