Кина ги започна „стратешките“ воени вежби во водите околу Тајван

Кинески весници/ Фото EPA-EFE/WU HAO

Кинеската армија ги започна воените вежби во водите околу островот Тајван, објави кинеската државна телевизија.

Вежбите, кои ќе се одвиваат на шест различни локации, ќе завршат на полноќ по локално време. Овие вежби се одговор кој Пекинг го спреми по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, пишува Ројтерс.

Значајно е тоа што на север, исток и југ, вежбите ги преполовуваат територијалните води на Тајван, за кои Пекинг тврди дека има 12 наутички милји – нешто што тајванските власти велат дека го оспорува меѓународниот поредок и претставува блокада на нејзиниот морски и воздушен простор.

Кинеските сили во две области во близина на северниот брег на Тајван би можеле потенцијално да го затворат Килунг, главното пристаниште, додека нападите би можеле да бидат лансирани од област источно од Тајван насочени кон воените бази во Хуалиен и Таидонг, смета Менг Ксијангкинг, професор на Националниот универзитет за одбрана.

„Всушност, ова создаде многу добри услови за нас кога, во иднина, ќе го преобликуваме нашиот стратешки пејзаж кој ќе биде поволен за нашето обединување“, рече Менг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот