Кина ги укина драстичните ограничувања во Хубеи

Кина денеска ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус.

Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но регистрирани се 47 пациенти кои вратиле од странство.

– Вкупно потврдени се 47 „увезени” случаи. Најголемиот број од нив се Кинези, кои се вратија дома, се наведува во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи.

Исто така се додава дека во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот што прв настрада од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот