Кина ги ублажува ковид-мерките

Кина ковид/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кина одлучи да ублажи дел од ограничувањата воведени поради коронавирусот, соопштија денеска нејзини здравствени претставници.

Меѓу другото, за два дена ќе биде скратен карантинот за блиски контакти на заболените, како и за патниците кои доаѓаат во земјата, а ќе бидат укинати и казните за авиокомпаниите поради донесување заразени патници, јавија дел од британските медиуми.

Според новите правила, луѓето кои имале близок контакт со заразено лице, имаат обврска пет дена да престојуваат во централен карантин и потоа уште три во дополнителна самоизолација.

Истото важи и за патниците кои доаѓаат во Кина.

Дел од медиумите пишуваат дека досега, за време на престојот во централен карантин, патници имале должност да направат пет ПЦР тестови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот