Кина ги предупреди САД: Ако Украина влезе во НАТО, постои закана од нуклеарна војна

Џо Бајден - Владимир Путин - Си Џипинг / Монтажа: Слободен печат. / Иван Самарџиев

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со „тешки последици“, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина и се дозволи да се приклучи на НАТО.

„Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна“, предупреди Пекинг, а пренесе Глобал Тајмс.

„Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина, ниту за светот“, пишува весникот. „Наместо да бара решенија за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажува дека САД брзаат во другата насока – разгорувајќи го пламенот на војната“, се додава.

Претседателот Володимир Зеленски го обнови својот повик за приклучување кон Алијансата откако Русија најави обид за анексија на четири региони во Украина.

Запрашан за барањето на Зеленски да се забрза членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела рече дека сега „не е вистинското време“ и дека барањето „треба да се разгледа во некое друго време“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот