Кина ги повика САД да ги поправат „погрешните потези“ за продолжување на трговските преговори

Фото: EPA

Кина денеска порача дека САД ќе мора да ги исправи своите „погрешни потези“, за трговските преговори да продолжат.

Ова се случува откако американскиот претседател Трамп го стави Хуавеј на црната листа, нанесувајќи му удар на овој светски ланец и рушејќи ја вредноста на акциите на компанијата, бидејќи инвеститорите стравуваат од технолошка ладна војна.

„Ако САД сака да продолжи со трговските преговори, треба да бидат искрени и да ги исправат своите погрешни потези. Преговорите можат да продолжат само врз основа на взаемна почит и еднаквост. Внимателно ќе го следиме развојот на ситуацијата и ќе ги подготвиме потребните одговори“, изјави портпаролот на кинеското министерство за трговија, Гао Фенг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот