Кина ги отфрли критиките на разузнавачкиот сојуз „Пет очи” во врска со Хонг Конг

Кина ги отфрли критиките на разузнавачкиот сојуз „Пет очи” во врска со политиката на Пекинг кон Хонг Конг. Пекинг го повика сојузот да ја прифати реалноста дека поранешната британска колонија веќе е вратена во Кина.

Портпарол одговори на пораката до Хонг Конг од САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд, кои се дел од сојузот „Пет очи”.

– Не е важно дали имаат пет очи или десет очи, ако се осмелат да му наштетат на кинескиот суверенитет, безбедност и интереси, тие мора да бидат свесни дека нивните очи ќе бидат прободени и ослепени, предупреди портпаролот на редовниот брифинг.

Министрите за надворешни работи на петте земји објавија дека новата одлука на кинеската влада, со која беа дисквалификувани четворица продемократски пратеници во Хонг Конг, се чини дека е дел од организирана кампања за затворање на устата на сите критички гласови.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот