Кина ги цензурира новинарите на Мундобаскет

Најголемиот спортски настан ова лето, Светското првенство во кошарка кое од 31 август до 15 септември ќе се одржи во Кина, веќе предизвикува негодувања кај спортските новинари.
Имено, претставниците на седмата сила се жалат на лошите услови за работа во Кина, а тоа на јавноста и го презентира српски новинар.

„Вака ФИБА помага да се промовираат нејзините натпреаврувања“, стои во твитот на новинарот Крстановиќ.

Кинеските власти не дозволуваат користење на социјални мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутјуб и слични.

„На медиумите им е обезбеден ви-фи во сите сали на кои ќе се играат натпреварите од СП. Таа конекција нема да дозволи пристап на интернет страници како Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и слични“ стои со соопштението кое ФИБА им го испратила на сите акредитирани новинари.

Значи, сите апликации кои денеска се задолжителни во новинарската работа и без кои не може да се работи, да се испрати фотографија, видео снимка или текст ќе бидат забранети преку споменаците апликации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот