Кина е неприкосновена со 29 златни медали, САД пред Јапонија и Австралија

Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Заврши и 10 ден на Летните олимписки игри во Токио, а и натаму на врвот по бројот на златни медали доминираат спортистите од Кина.

Кинезите се на првото место со 29 златни медали, од вкупно 62. Денеска оваа азиска земја дури петпати се закити со злато и така ја зголеми својата предност на табелата по бројот на медалите.

САД се на второто место со 22 златни од вкупно 64 освоени медали. Јапонија е трета со 17, Австралија има 14, Рускиот олимписки комитет 12 и Велика Британија како последно двоцифрена со 11 злата.

Франција, Германија и Република Кореја имаат по шест златни, пет има Холандија, а по четири Италија, Нов Зеланд и Чешка.

Хрватска е најуспешната екс ју земја со три златно, по два сребрени и бронзени медали на 16 место.

Словенија е на 22 место со два златни, по еден сребрен и бронзен медал, потоа Србија на 36 место со еден златен, еден сребрен и три бронзени медали, додека Македонија на 67 позиција со еден сребрен медал.

Комплетната табела можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот