Кина е близу до пуштање своја криптовалута

Кинеската централна банка е „близу“ до пуштање на сопствена криптовалута, изјави за „Блумберг“ висок функционер во институцијата.

Официјалните лица на Банката работеа напорно минатата година за развој на соодветните системи и криптовалутата е блиску до лансирање, рече заменик-директорот на одделението за плаќања во Централната банка, Му Чанчун, за време на форумот за време на викендот. Како дел од говорот, тој не даде дополнителни детали за тоа кога точно се очекува да се појави новата криптовалута.

Изјавата е сигнал дека кинеската Централна банка се доближува до ставање во промет на својата дигитална валута по долгогодишно истражување. Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.

Амбицијата на „Фејсбук“ да создаде своја сопствена криптовалута, „Либра“, предизвика загриженост кај централните банки ширум светот, вклучувајќи ја и Кина, која вели дека дигиталните средства треба да бидат ставени под контрола на централните банки за да се спречат можните валутни ризици и да го заштитат својот авторитетот во монетарната политика.

Централната банка ќе ги забрза своите студии поради владините нарачки за дигитална валута и ќе ги следи трендовите на криптовалутите како дома, така и во странство, се вели во соопштението на институцијата, во почетокот на август, во кое е претставен работниот план на банката за втората половина на 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот