Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19

Фото: Профимедиа

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан ги отфрли наводите на американската агенција АП дека Кина ненавремено ја информирала Свестката здравствена организација за новиот коронавирус.

Тој нагласи дека извештајот на новинската агенција не е вистинит.

Претходно, АП објави дека снимки од состанок на СЗО, во кои агенцијата имала увид, наводно покажале дека таа организација многу тешко добивала потребни информации од Кина на почетокот на пандемијата на новиот коронавирус, што е спротивно со првичните пофалби кои СЗО ги упатуваше за Пекинг.

Снимките биле од видео-средба одржана на 6 јануари, на која официјални претставници се жалат дека Пекинг не споделува со светот потребни податоци за проценување на опасноста од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот