Кина бесна на САД поради средбата на Болтон со висок тајвански политичар

Кинеската Влада се налути на Вашингтон поради средбата на советникот за безбедност на САД, Џон Болтон, со генералниот секретар за национална безбедност на Тајван, Дејвид Ли. Двајцата се сретнаа на официјален состанок при посетата на Ли на САД.

Новинската агенција на Тајван „ЦНА“, соопшти дека ова е прв состанок помеѓу највисоки лица на двете држави од безбедносниот сектор, уште од 1972 година, кога Вашингтон ги прекина официјалните односи со Тајван.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг, изјави дека Кина жестоко се противи на официјални дипломатски врски помеѓу САД и Тајван.

Тајван и Кина се одделија после крвава граѓанска војна во 1949 година и официјално, САД имаат односи само со Пекинг, не и со Тајпеј.

– Принципот „една Кина“ е политички основ за односите помеѓу Кина и САД. Категорично сме против било каков официјален контакт помеѓу Тајван и САД во било каква форма и контекст – изјави портпаролот Лу.

Тој додаде дека Кина е против било каков обид да се создадат „две Кини“, или „една Кина и еден Тајван“.

Како што Кина и САД ја вжештија трговската војна, Вашингон започна да гради поблиски односи со Тајван, остров кој Кина го гледа како своја провинција.

во Саботата, Тајван соопшти дека ја преименува својата неофицијална амбасада во Вашингтон од „Совет за координација на Северноамериканските политики“ во „Тајвански совет за врските со САД“, после преговори со официјален Вашингтон.

За прв пат владина институција на Тајван во својот назив ги вклучи зборовите „Тајван“ и „САД“.

Во Март, претседателката на Тајван Тсај Инг-вен најави дека сака да купи оружје од САД.

Од официјален Тајпеј на прашањето дали официјални состаноци помеѓу Тајван и САД се „новото нормално“, одговараат дека двете влади ќе продолжат да работат заедно.

– Во Азиско-Пацифичкиот регион, ние сме исти како САД, дели заеднички вредности кои вклучуваат слобода, демократија и човекови права – одговори портпаролот на Тајванската војска Генерал Че Чунг-Чи.

Тој се надева дека Тајван ќе може да ја игра улогата на чувар на мирот во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот