Кина бара извинување од дански весник поради карикатура за коронавирусот (ФОТО)

Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

„Не можеме да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо лошо“, рече уредникот на весникот, кој додаде дека во прашање се културолошки разлики.

Кинеската амбасада во Копенхаген побара од најтиражниот дански весник да се извини поради карикатурата за новиот коронавирус, која се смета за навреда во Кина.

Карикатурата го прикажува кинеското знаме со симболи кои личат на вируст на местото кадешто оригинално стојат ѕвезди, а главниот уредник на весникот Џуландс-Постен рече дека немале намера да се исмејаваат или да се потсмеваат со Кина.

– Не можеме да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо лошо – рече уредникот на весникот, кој додаде дека во прашање се културолошки разлики.

Кинеската амбасада изрази силно негодување и оцени дека карикатурата, која излезе во печатеното издание на весникот во понеделникот, навреда за Кина, пренесува „АП“.

Како што наведоа, со карикатурата авторите и уредниците ја преминале долната линија на цивилизираното општество и етичките граници на слободата на говор, навредувајќи ја човековата совест.

Кина потврди дека од коронавирусот починаа 106 граѓани, а дека се заразени повеќе од 4.500 луѓе.

Данскиот веснико Џуландс-Постен во 2005 година објави 12 карикатури од пророкот Мухамед, што предизвика негодување ширум исламскиот свет, поради фактот што тие сметаат дека пророкот Мухамед не треба да се прикажува на ниту еден начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот