Кин пет години на „Гудисон Парк“ (ФОТО)

twitter.com/Everton

Кин (19), италијанскиот напаѓач како еден од најталентирани европски фудбалери, доаѓа во тимот на Евертон летово после новите играчи од средниот ред Андре Гомеш, Фабиан Делф и Жан-Филип Гбамин и голманот Јонас Лосл.

– Многу горд што ќе го носам дресот на Евертон, ќе го давам максимумот на секој натпревар. Евертон е клуб што гледа кон иднината, со големи амбиции и ќе работам напорно да помогнам во остварувањето на целите. Навикнат сум на победи и сакам да донесам победнички дух во екипата – рече Кин.

Тој исто така се надева дека ќе покажува добри перформанси на терените и ќе им донесе радост на навивачите.

Минатата сезона за Јувентус имаше 13 одиграни мечеви со постигнати шест голови во италијанската Серија А.

Дебитираше за „Старата дама“ на 16 години, заменувајќи го хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ против Пескара во ноември 2016.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот