Кин не запира, го реши и Милан (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Италијанската сензација, Моисе Кин продолжува со фантастичните игри во последно време, и овој пат негова „мета“ беше Милан. Јувентус во рамките на 31. коло со 2:1 го совлада Милан и дојде на чекор до одбрана на титулата во Серија А.

Човек на одлука беше младиот Моисе Кин кој го постигна победничкиот погодок во финишот од натпреварот, поточно во 84. Минута. Милан поведе преку Пјонтек во 39. минута, а пресвртот го најави Пауло Дибала во 60. минута со голот од пенал.
Ова беше негов петти гол на последните пет меча за Јувентус и за репрезентацијата на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот