Кими Раиконен останува во Формула 1 и наредната година

Финецот во 2007 година со „Ферари“ беше Ф1 шампион/Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Финецот и наредната година ќе биде дел од најбрзиот спорт на четири трката и тоа ќе биде негова 19. сезона.

Пред една од трите трки на италијанско тло, Големата награда на Емилија Романа која ќе се вози во Имола, тимот на Алфа Ромео ја искористи можноста да ги открие имињата на возачите за наредната сезона.
Тоа повторно ќе бидат, Андреа Џовинаци и Кими Раиконен кој ќе ја вози својата 19. сезона во Ф1 шампионатот.

Оваа сезона е лоша за тимот Алфа Ромео, италијанскиот тим освои само пет бода и се наоѓа на осмото место во генералниот пласман кај конструктори.

Меѓутоа, тоа не го обесхрабри поранешниот светски шампион, Кими Раиконен кој се договори со Алфа Ромео и наредната сезона да вози за италијанскиот тим и да му биде ментор на помладиот Џовинаци.
Својата класа, 41-годишниот Раиконен ја покажа и на последната трка во Португалија кога во првиот круг успеа да претекне дури 10 болиди.

Кими Раиконен дебитираше во 2001 година во тимот на Заубер кој сега е преименуван токму во Алфа Ромео, а единствената шампионска титула ја освои 2007 година. Два пати завршуваше како втор во генералниот пласман кај возачите, а три пати беше трет и има 21 победа и 103 пласмани на подиумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот