Ким нареди одземање на сите домашни кучиња, се стравува дека ќе завршат на трпеза

Фото: Профимедија

Сопствениците на кучиња на Ким зад грб му изразуваат незадоволство, а засега тоа е единствено што можат да го направат, вели изворот.

Севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун нареди заплена на кучињата – домашни миленичиња во главниот град на земјата, тврдејќи дека кучињата претставуваат западна „декаденција“, но се шпекулира дека кучињата всушност би требало да завршат како храна, јавува Њујорк Пост.

Ким во јули издаде директива за издвојување на домашните миленичиња, тврдејќи дека тие се дел од „расипничкиот тренд на бужоаската идеологија“, рече извор за англиското издание на јужнокорејскиот весник Чосун Илбо.

„Властите ги идентификуваа домаќинствата со домашни миленичиња и ги присилуваат да се одречат или на сила им одземаат“.

Но додека угнетувачкиот режим вели дека тој чекор е за сузбивање на капиталистичката екстраваганција во Пјонгјанг, сопствениците на кучиња сметаат дека поради недостиг на храна во Северна Кореја – и склоноста за конзумирање кучешко месо, донесена е одлука за да се нахрани населението во Северна Кореја.

Сопствениците на кучиња на Ким зад грб му изразуваат незадоволство, а засега тоа е единствено што можат да го направат, вели изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот