Ким Мехмети: Ако некој е сигурен во своите ставови, што има потреба да се крие?

Ким Мехмети во гостување на Канал 5 / 11 ноември 2012 / фото: Канал 5/принтскрин

Кастриот Реџепи се плаши од себеси, се плаши од своите постапки. Оти тој да е сигурен во тие негови ставови, што има потреба да се крие? – вака политичкиот аналитичар Ким Мехмети го коментираше денешното непојавување на пратеникот на Беса на седницата на која требаше да се гласа за доверба на владата.

„Човек што е за НАТО, за ЕУ, што злосторство направил? Меѓутоа, тука има друга приказна, јас не тврдам конкретно за овој случај. Нашите партии станале трговски фирми, кај што се тргува обично со меѓуетничките односи. Зашто е тоа така? Затоа што во Македонија покер се игра со етнички карти“, рече Мехмети во гостувањето на телевизијата Канал 5.

Мехмети додаде дека на пример претседателот на ДУИ оди кај претседателот на СДСМ и му вели „дај ми три месеци јас да имам премиер на Влада и јас ќе те подржам тебе 45 месеци“. Значи сѐ уште играта е на етничка основа, заклучува аналитичарот.

„Вие треба некои нешта да ги бетонирате со Устав, значи да кажете дека од трите најврвни функции во државата не можат никогаш да припаднат на еден ентитет. Во Уставот да не стои да стои таа погубна формулација јазикот на 20%, туку албанскиот јазик е званичен јазик во Македонија и ред други нешта со кои тргуваат политичките партии, и албанските и македонските“, рече Мехмети.

Тој посочи дека најголеми виновници за тоа што им се случува на Албанците се албанските политички партии, затоа што ним им одговараат етнички поделби.

„Во општина Сарај, на пример, па таму дури и опозиционите партии веќе не веруваат дека можат да победат и предлагаат некои кандидати што вака и нивното семејство не ги гласа. Па, јас знаев дека кандидатот на ДУИ не од први круг туку тој ќе победи од прва. Самата опозиција е уништена кај нас. Уништена е поради овие причини“, рече Мехмети, кој додаде дека „албанските партии траат сезонски бидејќи ДУИ ги уништува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот