Ким Кардашијан се крштеваше во православна црква (ФОТО)

Instagram

Ким Кардашијан претходниве денови престојуваше во Ерменија, од каде што е потеклото на нејзиното семејство, а ова патување го искористила за да ги крсти децата, но и таа да ја прими верата.

Телевизиската ѕвезда на Инстаграм објави дека крштевањето било во Ечмијадзинскиот манастир, кој го следи верувањето на Ерменската апостолска црква. Оваа црква е ориентално-православна.

„И благодарам на Ерменија за ова прекрасно патување полно со спомени. Благословена сум затоа што се крстив заедно со децата во Ечмијадзинскиот манастир, најголемата ерменска црква, која ја нарекуваат и Ватикан на Ерменската апостолска црква. Изградена е во 303 година пред новата ера“, напиша Ким на Инстаграм.

Заедно со неа беа крстени и 4-месечниот Псалм, едногодишната Чикаго, тригодишниот Сеинт. Норт е крстена во Ерусалем, кога имала две години.

View this post on Instagram

?? ?

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

View this post on Instagram

Baptism

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот