Ким Кардашијан открива детали од страшниот грабеж: Гледав во пиштолот и си реков, СЕГА ЌЕ УМРАМ!

Instagram

За време на Париската модна недела во 2016 година, познатата ѕвезда Ким Кардашијан беше ограбена.

Провалниците влегле во нејзиниот апартман во хотелот и украле накит во вредност од 10 милиони долари.

Сега старлетата прв пат реши да раскаже како ова искуство делувало на неа, особено моментот кога ја врзале и го впериле пиштолот кон нејзината глава.

Instagram

„Го носев новиот дијамантски прстен што ми го подари Канје (кој е проценет на 4,5 милиони долари), а во Париз го понесов и целиот накит што го имав“, рекла Ким за „True Hollywood Story“.

„Требаше со Кортни и со Кендал да излеземе во град по ревијата, ама се предомислив. Се спремав да си легнам кога слушнав трчање по скалите. Крадците влегоа во мојот апартман, го сакаа мојот прстен и накитот и јас им дадов сè. После ме врзаа, ми ставија леплива лента на устата, на рацете и на нозете. Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот. Само помислив, сега ќе умрам. Тие 10 минути го сменија целиот мој живот“, се присетува Ким.

По овој настан Кардашијан долго страдаше од параноја, а имаше и психички проблеми. Сега освен што внимава што објавува на друштвените мрежи, го зголемила и своето обезбедување.

View this post on Instagram

#FBF Take me back please #CostaRica

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Како изгледал нападот и зошто петмината вооружени разбојници ја ограбиле токму Ким, открил домарот на хотелот за американската телевизија „Inside edition“, која дури и го реконструирала целиот напад.

Погледнете како изгледа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот