Ким Кардашијан мета на критики: „Носиш чевли од 1.000 долари, а палецот ти испаѓа! (ФОТО)

Twitter

Ким Кардашијан се појави на доделувањето на наградите American Influencer Awards за да врачи награда за уметнички достигнувања.

Како и обично, Ким го привлече вниманието со својот изглед, но дел од нејзината модна комбинација ги изненади нејзините следбеници на друштвените мрежи.

Twitter

Ким се појавила во тесен црвен фустан на „Диор“ со шлиц од страната, но она што привлече најмногу внимание биле нејзините чевли кои очигледно биле прилично неудобни. Потпетиците со проѕирни каиши и црвени потпетици изгледале како силно да ѝ ги притискаат нозете. Нејзините прсти изгледале како да се борат со тие каиши.

„Го уништила прекрасниот фустан со тие штикли“, „Штикли од 1.000 долари, а нејзе палецот ѝ испаѓа надвор“, „Ова е вознемирувачко да се гледа“, се некои од коментарите на корисниците на Твитер, каде што Ким објавила фотографии од доделувањето на наградите.

Twitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот