Ким Кардашијан ја платиле еден милион за да се појави во реклама на само 45 секунди (ВИДЕО)

Фотографија: Instagram

Американската ријалити ѕвезда и најпопуларната старлета во светот, Ким Кардашијан, сними реклама за компанија за доставување на храна во Австралија наречена „Uber Eats“ за точно еден милион долари и 45 секунди кадар.

Имено, Ким ја имаше главната улога во реклама со хумористичен карактер што трае многу кратко време и која започнува со реченицата:

„Вечерва ќе јадам…“, а потоа ги набројува крцкавото пилешко и другите нарачки.

Друштво во рекламата и прави австралиската комичарка Магда Субански, попозната како Шаз, која ѝ „се подсмева“ на Ким и ја учи да ги изговара зборовите со австралиски акцент.

Во првата реклама, Ким има долга црна коса врзана во репче, додека во следната реклама е ишишана на краток боб со шишки, што наводно го сторила колешката од рекламата.

Поентата на целата приказна е брзината и тие сакаа да потенцираат дека испораката на храна преку оваа компанија пристигнува буквално за секунда.

Фановите коментираа дека Ким изгледала како кукла и имала нула харизма во рекламата, дека е преплатена за работа што траела околу 45 секунди.

Рекламата беше објавена во номеври минатата година, но дури сега излезе информацијата колку Ким е платена за оваа улога. Оваа информација вознемири многумина кои работат 8 часа дневно и се уште не можат да ја достигнат оваа сума со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот