ФОТО | Ким Кардашијан и Кејт Мос во посета на Ватикан: Ријалити sвездата со причина го украде целото внимание

Ким и Кејт
Инстаграм

Најпознатата старлета и ријалити sвезда на светот, моментално се наоѓа во Италија, а по тој повод Ким одлучи да го посети и Ватикан.

Ким Кардашијан ја посети Апостолската палата, официјалната резиденција на папата, во Ватикан. Во бел фустан од тантела, голи рамена, но без големо деколте, успеа да ги истакне своите облини со исечоци околу колковите и полугол грб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Имавме најневеројатно искуство на прошетката низ Ватикан. Беше неверојатно да се види уметноста, архитектурата и античките римски скулптури, особено делата на Микеланџело. Дури имавме можност да ја разгледаме нивната приватна архива со облеки што ги носел секој папа во историјата, кои датираат уште од 1500-тите години. Ви благодарам @ocspecial што ни ја овозможивте посетата. (Не грижете се, јас се придржував до кодексот на облекување и бев целосно покриена додека бев во базиликата Свети Петар и Систинската капела)“, напиша Ким во својата објава на „Инстаграм“.

Се разбира, ријалити sвездата го привлече вниманието и на голем број фотографи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Moss (@wheresmossy)


Со неа беа Кејт Мос и нејзината ќерка, кои избраа потемни тонови и соодветна гардероба. Кејт Мос, поранешната манекенка, носеше црна јакна и здолниште до колена, додека нејзината ќерка ја комбинираше црната кошула со здолниште долго до подот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот