Ким Кардашијан го задржува презимето Вест: Разводот е во тек
Иако се разведуваат, Ким Кардашијан одлучи да го задржи презимето на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест.
Според странските медиуми, причината пред сè се децата. Ким сака да остане Кардашијан Вест за да може да има презиме како нејзините наследници, а притоа самата промена да не биде дополнително збунувачка за младите наследници.
View this post on Instagram
„Презимето на децата е Вест, па зошто презимето на нивната мајка да не е исто?“, Наведува извор близок до семејството за „E! News“.
View this post on Instagram
Доказ дека останале во добри односи, и дека планираат да продолжат така, е ручекот на кој неодамна отидоа заедно без деца, но и континуираната поддршка што реалити ѕвездата му ја дава на раперот.