Ким Кардашијан го врати „најомразениот“ тренд од почетокот на милениумот? (ФОТО)

instagram

Последната објава на Ким Кардашијан на Инстаграм потврди дека „омразениот“ тренд од почетокот на милениумот се враќа на големата врата.

Имено, старлетата објави фотографија на која позира во тесен црн фустан без заден дел, а во преден план е црвената танга што наѕира од фустанот.

Ким позираше во новата колекција на модниот бренд Живанжи, но обожавателите најмногу ја коментираа нејзината танга.

„Те молам, не ги враќај тангите во мода“, „Жено, ти се гледа тангата“, „Ах не, сега ова ќе биде нов тренд“, „Да, Ким, гледаме танга, во ред е“, „Те сакам, но тангата те направи да изгледаш евтино “, се само дел од коментарите кои преовладуваат под објавата. Но, поддршката не изостана од нејзините верни следбеници кои и порачаа дека изгледа фантастично.

Трендот за истакнувањето на долната облека повторно го популаризираа Дуа Липа, Бела Хадид и сопругата на Џастин Бибер, Хајли.

Хајли Бибер / Фото: Инстаграм

Сепак, ретко кој може да го заборави легендарниот изглед на ѕвездата од „X-Files“, култната Џилијан Андерсон во 2001 година, од која се чини дека Ким се инспирирала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот