Ким и Канје биле десет години пријатели пред да стапат во брак: Што се случи со нив?

Instagram
Фото: Instagram

Ким Кардашијан и Канје Вест се пар за кој со години се пишува. Двајцата подеднакво славни, со познати пријатели… Нивната присутност на социјалните мрежи допринесе „поинтимно“ да се поврзат со нивните обожаватели низ целиот свет, па многумина би кажале дека се чувствуваат како да ги познаваат лично.

Странските медиуми деновиве ја проширија веста за нивниот наводен развод. Оние што го следат реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, се добро упатени во различните пикантерии што се случуваа во бракот на Ким и Канје изминативе години, пишува „24 сата“.

Канје се прослави во 2004 година кога го издаде својот прв албум насловен како „College Dropout“, а Ким се прослави во 2007 година, преку нејзиното семејно шоу, а „шлаг на тортата“ беше видеото со порнографска содржина кое беше објавено во тој период.

Instagram
Instagram

Тие се запознаа во 2003 година кога Ким отишла со својата пријателка Бренди во студиото на Вест за да ја сними нејзината песна. Ким веднаш му го привлекла вниманието на Вест.

Се сеќавам дека „се дружев“ со него додека го правеа моето видео. Го видов неколку пати. Тој ги испрашуваше пријателите: – Која е оваа Ким Кардајан? Не го знаеше моето име“, рече старлетата во специјалното издание на реалното шоу снимено по повод 10 годишнината од емитувањето.

Во моментот кога првпат се виделе, Кардашијан беше во брак со Дејмон Томас.

Instagram
Instagram

Вест во 2008 година со песна ѝ порача на Ким да го остави својот партнер. Но таа, продолжи да се забавува со ново момче кој подоцна стана нејзин сопруг, Крис Хамфис. Тие се венчаа во август 2011 година, а нивниот брак траеше само 72 дена.

Ким подоцна призна дека додека била со Хамфис, всушност била вљубена во Вест. Раперот потоа ја поканил Ким во Париз на модна ревија и така тие ја започнаа својата љубовна приказна.

Се колнам дека веднаш штом слетав, чувствував дека лудо го сакам и си помислив зошто претходно не го сторив тоа. Тоа беше живот, многу љубов, забава и вистинска поддршка“, изјави таа.

Instagram
Instagram

Тие во јавноста ја објавија својата врска во пролетта 2012 година. Кон крајот на 2012 година, тие го најавија пристигнувањето на нивото прво дете. Ќерката Норт им се роди во јуни 2013 година.

Нивната веридба беше спектакуларен настан. Канје изнајмил стадион во Сан Франциско и сето тоа беше докуменирано во реалното шоу на Кардашијан. Пролетта 2014 се венчаа.

Instagram
Instagram

Второто дете, синот Сент, се роди во декември 2015 година, а имено, нивните проблеми започнале кратко потоа. Вест пишуваше секакви работи на „Твитер“ и многумина сметаа дека крајот на познатиот пар се гледа.

Во октомври 2016 година, по грабежот што ѝ се случи на Ким во Париз за време на Париската модна недела, Канје беше хоспитализиран поради истоштеност.

По големите проблеми во двете бремености, Ким била советувана да не раѓа повеќе. Па така, славната двојка бараше сурогат мајка и на тој начин добија уште две деца, Чикаго и Псалм.

Instagram
Instagram

2020 година беше предизвик за многумина, за Вест особено. Тој имаше голем број проблеми со менталното здравје, за кои се дозна кога тој се кандидираше за претседател на Америка. Покрај тоа, тој откри голем број приватни проблеми, како на пример дека кога Ким била бремена со Норт, таа сакала да абортира. Веста го шокираше светот.

Раперот подоцна се извини за нарушувањата на приватноста на семејството, а Ким веднаш реагираше и на социјалните мрежи потенцирајќи дека нејзиниот сопруг се бори со биполарност.

Се почесто се зборува дека парот ќе се разведува, а следбениците на Ким на социјалната мрежа „Инстаграм“ се преокупирани со таа тема.

Тие не беа заедно за Божиќ, а инаку секогаш се фотографираат и објавуваат илјада слики. Готово е меѓу нив, таа го изневери, а тој полуде“, беа дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот