Ким Џонг Ун за новото лансирање на ракети: Тоа е предупредување за САД и Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за најновото лансирање тактички наведувани ракети, од пред два дена, изјави дека постапката е предупредување за заедничките воени важби на САД и Јужна Кореја, пренесе државната севернокорејска агенција КЦНА.

Ким кажа дека тоа беше „можност да се упати адекватно предупредување за заедничката воена вежба на двете земји, што се уште е во тек, пренесоа британските медиуми.

Северна Кореја во понеделеникот вечерта повторно на двапати истрела неидентификувани проектили во морето, соопшти претходно јужнокорејската војска.

Јужнокорејската војска соопшти дека проектилите биле лансирани од северозападаниот брег на Северна Кореја и дека го прелетале копното пред да слетаат во источните севернокоресјки води, пренесоа американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот