Ким Џонг-ун во критична состојба, се бори за живот

Кина испрати свој лекарски тим во Северна Кореја бидејќи севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во тешка здраствена состојба, објавија дел од западните медиуми.

Додека јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба” откако претходно му беше извршена операција  на срцето.

Јапонскиот весник „Јомиури шимбум” повикувајќи се на неимнеувани извори  објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени сличаи односно за пренесување на власта на помладата сестра на Ким, Ким Јо Џонг.

Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот